Од Министерството за правда информираа дека вчера добило известување дека до нивните колеги во Турција стигнало барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо, осомничен за убиството и грабнување на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.
Од таму велат дека постапката за негова екстрадиција во Македонија може да потрае и неколку месеци.
„Месеци се во прашање во овие предмети, не денови и недели, бидејќи се предава човек. Постапките знаат да траат и со години, но не очекуваме оваа толку да трае.
Искрено се надеваме дека ќе биде пред јуни. Ние бевме многу брзи. Палевски има право да се жали на се и да се бори против екстрадицијата“, информираа од Секторот за меѓународна правна помош при Министерство.
Од Министерството велат дека многу ретко кога се работи за лице кое е под истрага, како Палевски, може да се побара дополнителна документација. Но, доколку се бара тие веднаш ќе ја обезбедат.
„Правно предметот е чист и постапката е спроведена баш по книга. Од искуство колку повеќе има борба на барањето за екстрадиција, толку подобро е на крајот, бидејќи може да се стави под знак прашалник процедурата“, посочија од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски му пишал на Ердоган за екстрадицијата на Палевски
Дали Љупчо Палевски Палчо убил и другпат?
Кој помогна Палевски да се лоцира во Турција?
Фото: Фејсбук/Десна