За градоначалникот на скопски Карпош и кандидат за претседател на Македонија, Стевчо Јакимовски, неговото ставање на „црната листа“ на САД е е мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Градоначалникот Стевчо Јакимовски ставен на „црната листа“ на САД
Тој синоќа на прес-конференција пред Општината подвлече дека тоа може да се сфати како акт на насилство и како директно мешање во изборниот процес, што, како што рече, е казниво и кривично дело и најави кривична пријава за непознат сторител.
„Ова е мешање на странски разузнавачки служби во изборот на претседател на државата. Јавно кажувам дека ќе поднесам кривична пријава против н.н. сторител. Мора да се утврди кој од овде ја направи оваа нечесна работа“, рече тој.
Изненаден е од одлуката на САД и најави дека нема да се откаже од изборната трка.
Кажа и дека САД се стратешки партнер на Македонија, „но, нашите интереси се едно, а нивните друго“.
„Ова е кукавички чин на оние што го губат тлото под нозете, а помош не можат да добијат од граѓаните, па бараат американска поддршка“, изјави тој.
Јакимовски е уверен дека зад одлуката да биде ставен на „црната листа“ не стои цела американска политика, туку „само некои нејзини делови“.
„Како да не бидам изненаден од одлуката, кога на 4. јули бев поканет од Американската амбасада и стриктно ми беше кажано дека листата е максимално редуцирана и се одеше строго по листа за на Денот на американската државност да не бидат присутни некои што тие не сакаат – криминалци или други несакани лица“, рече Јакимовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој сѐ освен Катица Јанева и Стевчо Јакимовски е на “црната листа„ на САД
Каков имот пријавил Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на Македонија на ГРОМ
Фото: Јакимовски/Фејсбук