еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Што покажаа мерењата на АЕК за нејонизирачко зрачење од 5G технологијата?

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) спроведе мерења на нејонизирачко зрачење со цел да се види доприносот од новата 5G NR технологија од тест мрежата на Македонски Телеком, соопшти АЕК.

Во периодот на мерењата биле активни две базни станици, едната од зградата на Македонски Телеком и другата од зградата на ТК Центар.

Мерната точка била пред зградата на АЕК на 160 метри од првата базна станица.

Мерењето се врши со цел да се одреди максималното електромагнетно поле и да се утврди изложеноста на популацијата на нејонизирачки зрачења и да се испита влијанието на 5Г мрежата на нејонизирачкото зрачење, велат од АЕК.

„За време на мерењето користевме телефон со 5G и неколку сценарија: Кога телефонот не е во комуникација со базната станица, јачината на електромагнетното поле е многу мало, или буквално како да “спие” базната станица. Не приметивме дека има други телефони со 5G освен со тој со кој вршевме тестирање и мерење на нејонизирачкото зрачење.

Телефонот го вклучивме да прави прверка на брзина (speed test) на интернет и кога меревме брзина на симнување (download) на податоци од базната станица тогаш добивавме и максимална јачина на елктричното поле, а кога се праќаа податоци од телефонот према базната станица (upload), ако телефонот не беше во непосредна близина на антената од мерниот инструмент NARDA SRM 3006, тогаш пак полето стануваше многу мало“, велат од АЕК.

Оттаму додаваат дека резултатот кој што е даден во табелата е интегриран по средната вредност на електричното поле и тоа кога телефонот се наоѓа на исто место со мерниот инструмент.

„Јачина на електрично поле е измерено 5.17V/m . Оваа ситуација е кога базната станица ја насочува целата моќност кон само едниот корисник и ова сценарио во однос на нејоноизирачкото зрачење е максимално. Кога би имало повеќе корисници на 5G, тогаш моќноста од базната станица ке се дисперзира на повеќе правци и всушност нејонизирачкото зрачење би било помало од сега прикажаното.

Направени беа мерења, кои во оваа табела не се прикажани и тоа кога телефонот ќе се активира базната станица од локација која не е во ист правец (мерен уред-базна станица – телефон), односно мерниот уред и телефонот се во различни бимови на антената. Во овој случај базната станица према мерната локација за нејонизирачко зрачење емитуваше многу послаб сигнал.

Кога телефонот се наоѓа во ист правец со базната и мерниот уред тогаш и сигналлот кој го мериме е најголем. При овие мерења симулиравме и меревме и поле од телефонот кога емитува во uplink и тоа кога е на 1 до 2 метри од антенатa на мерниот уред и кога телефонот го поставувавме на самата антена (како кога патем речено нормално ги користеме телефоните кога комуницираме)“, велат од АЕК.

Оттаму потенцираат дека од мерните резултати може да се каже дека со новата 5G технологија, нејонизирачкото зрачење ќе се зголеми, но од GSM и UMTS технологиите ќе се намалува.

„Сепак, резултатот и при ова мерење, на растојание од 160м од базната станица, вкупното зрачење е помало од 15% од максимално дозволената гранична вредност“, соопшти АЕК.

Целиот извештај ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина легендарниот фудбалер Марадона

Редакција

Од куќен притвор, Боки 13 спроведен во затворот во Идризово

Редакција

(ВИДЕО) И Заев во кампањата на Ципрас за изборите за Европскиот парламент

Редакција