еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Синдикатот на културата ќе почне штрајк заради непотпишување на колективен договор кој го очекуваат деценија и половина

Синдикатот на култура информира дека вработените во културните и уметничките установи ќе започнат со штрајк на 24 декември заради непотпишување на колективен договор кој го очекуваме деценија и половина.

„Рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк истече вчера, на 18.12.2019 година. Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка.

Штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар. Штрајкот е со од предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања.

Ги повикуваме сите вработени да ни се приклучат, а директорите на институциите да застанат во одбрана и поддршка на нашата борба за остварување на нашите работнички права. Културата е темелна вредност на секоја држава и таа не смее да биде маргинализирана, игнорирана и понижена“, се вели во соопштението.

Фото: Фејсбук/Синдикат на култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жбогар за еден месец си оди од Македонија: Низ 30 фотографии ќе ги одбројува времето и сеќавањата

Редакција

Професор Трајковски: Одењето на свадба со една доза вакцина нема апсолутно никаква епидемиолошка, ни здраворазумска логика

Редакција

Директорот на ЗОО, Ѓорги Галетановски секој месец прави ковид тест

Редакција