еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Стевчо Јакимовски, кандидат за претседател на Македонија на ГРОМ

Градоначалникот на скопски Карпош, Стевчо Јакимовски и претседател на ГРОМ е кандидат на партијата за претседател на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Стевчо Јакимовски, кандидат на ГРОМ за претседател на Македонија

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал градоначалник.

Каков имот пријавил

Од недвижен имот на негово име има само земјиште во скопско Нерези.

На име на сопругата пак пријавил куќа и земјиште во Скопје.

На негово име нема пријавено ни возило. На име на сопругата пријавил две – БМВ и Фолксфаген и уште две на име на децата – БМВ и Јамаха.

На свое име и на име на сопругата пријавил удели, но не навел каде.

На свое име има и животно осигурување, како и побарувања по основ на заем.

На име на сопругата, на свое име и на име на децата пријавил и депозити и штедни влогови.

На име на сопругата пријавил и кредит од 920 илјади денари, земен во 2022 година, но нема податок кога треба да се врати.

Пријавил и камп приколка и накит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Стево Пендаровски, кандидат за претседател на Македонија на СДСМ

Каков имот пријавил Арбен Таравари, кандидат за претседател на Македонија на албанската опозиција

Која е Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Македонија

Фото: Фејсбук/Јакимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) „Чукни во дрво“: Алкалоид со хуманитарен видеоспот по повод 85. јубилеј

Редакција

78,8% од оздравените од корона вирусот во Македонија се лекувале дома

Редакција

На чудната предизборна дебата на лидерите на грчките лидери тема и Македонија

Редакција