еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Здравствените работници кои немаат договор, ќе немаат пристап до Клиниката за токсикологија

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе издаде решение со кое на здравствените работници кои немаат договор за работа на Клиниката за токсикологија ќе им биде забранет пристап на Клиниката.

Ваквиот чекор на ДСЗИ следува откако менаџментот на Клиниката не постапил по издаденото решение за опомена со наложени инспекциски мерки.

Како што денеска информираше директорката на ДСЗИ, Рената Младеновска, менаџментот на Клиниката не постапил по мерките што ги издал ДЗСИ, освен по една точка да се свика Управниот одбор.

– ДСЗИ изврши контролен инспекциски надзор на Клиниката за токсикологија по издадено решение за опомена со наложени инспекциски мерки кои истото беа должни во рок од три дена да испратат писмено известување дали е постапено по истото решение, меѓутоа такво писмено известување не добивме.

Со оглед на фактот дека на самиот надзор присуствуваа двајцата директори и медицинскиот и организацискиот беше доставена документација во однос на листи од електронска евиденција на работно време и контрола на пристап во просториите од истите документи ДСЗИ го констатираше следново: По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.12. 2023 година, истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија, што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, рече Младеновска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мистерија е образованието на директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, која незнае македонски јазик

Сестри, болничари, биолози, лаборант незаконски и без образование, работеле на Клиниката за токсикологија

Доктор Беќаровски најави дека заминува од Клиниката за токсикологија

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските Бугари се сретнаа со еврокомесарот Вархеји, му се пожалиле дека немаат дијалог со институциите

Редакција

Клиника Жан Митрев се проширува со оддел стоматологија и нови услуги во центарот за естетска дерматологија

Редакција

Цементарница УСЈЕ со зголемна добивка во првите девет месеци

Редакција