еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Границите на Грција за Македонците остануваат затворени уште најмалку една недела

За македонските државјани, границите на Грција остануваат затворени уште една недела, со оглед на тоа дека грчката Влада ја продолжи до 26 април 2021 година министерска одлука за копнените граници и забраната за влез на државјани за трети земји, јави дописничката на МИА од Атина.

За еден месец, односно на 14 мај, според најавите од грчката Влада, Грција ќе го отвори туризмот за сите, а за патување ќе биде потребно или сертификат за вакцинација или негативен тест или потврда за прележан Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците од 14 мај ќе може да патуваат во Грција, потврди грчкиот министер за туризам

За граничниот премин Евозни (Богородица) кон Северна Македонија, како и Какавиас кон Албанија не постојат промени, односно ќе работат од 7 до 19 часот по локално време, дозволен е влез само за одредени категории, со потврда за претходно направен негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти, дневно дозволено е во Грција да влезат најмногу 400 лица, додека пак задолжителен е домашен карантин од 14 дена, објави МИА.

За транспортерите, Евзони е отворен од 7 до 23 часот по локално време, а и за возачите на камиони, негативен резултат од рапид тестот направен на граничниот премин е предуслов за влез во Грција.

За државјаните на земјите членки на Унијата и Шенген зоната, на Велика Британија, САД, Обединетите Арапски Емирати, Србија и Израел, постои посебна регулатива, односно дозволен е влез или со негативен ПСР тест направен 72 часа пред патувањето или со потврда за вакцинација, под услов да се поминати 14 дена од ревакцинацијата и се ослободени од задолжителниот карантин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција од понеделник ги отвора границите за неколку земји во кои брзо оди вакцинацијата

Новата министерската одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата, за забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната“ за да се ограничи ширењето на коровирусот синоќа беше објавена во Службен весник на Грција, а стапи во сила во 6 часот утрово.

Границите на Грција, веќе 13 месеци се затворени за државјани на трети земји, меѓу кои и за македонските државјани. Одлуката беше воведена лани, за време на првиот карантин во март, а оттогаш континуирано се продолжува.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Билка“: Не може Вие да сте бизнисмен со огромен број растенија, а јас со три грама канабис да бидам криминалец

Редакција

Ново покачување на струјата ќе има, не се знае за колку

Редакција

Кој е Абдилшиќир Абедими, новиот заменик министер за земјоделие, шумарство и водостопанство

Редакција