еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски му врати на Пендаровски: Потпиша се што стопанот ти кажа, добро е што ги потпиша и законите за помош

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  во реакција по потпишувањето на указите за законите што вчера беа изгласани во Собранието вели дека претседателот на државата Стево Пендаровски потпишал, како што наведува во објава на Фејсбук, се што му наредил стопанот.

-Еве го бекна, ама не само што бекна туку и потпиша се што му нареди стопанот. Сакаше да биде сатиричен, а испадна смешен.

Претседателе Пендаровски погледајте го моето последно интервју дадено во петокот и ќе слушнете грмење, не бекање за националните теми меѓу која и таа измислената што ја споменувате да го исперете криминалот, корупцијата и срамот на стопанот.

Грмење за тоа што ја доведовде Македонија во подредена положба заедно со стопанот.

Што се однесува до времињата кога една партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија можам да Ви кажам добредојдовте во 2021 година, или да бидам попрецизен денес не партијата на власт, туку вашиот стопан е полицаец, обвинител и судија.

Следниот пат наместо да плачете на медиуми зошто сме лидери според корупција, криминал во Европа, додека балкански нарко босови шетаат со македонски пасоши и марихуана е главен бизнис во државата, БЕКНЕТЕ нешто, зошто ни ја снемува државата. И да…, одговорност ќе има, порано или подоцна, јас Ви ветувам!, пишува Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски ги потпиша указите за законите од петиот пакет мерки и одговори на прозивките од Мицкоски

Во дополнување на објавата тој наведува дека е добро што Пендаровски барем ги потпишал законите за помошта на граѓаните и стопанството, а не само тие од 32. седница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски најави кривични пријави за доаѓањето на пратениците позитивни на Ковид-19 во Собранието

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По обвинувањата од вработени, шефот на Управен суд, Сејдини тврди дека не распределувал предмети рачно

Редакција

Советникот на ДУИ, Усеини и брат му понудиле по 10 илјади евра за да излезат од притвор

Редакција

Македонски војници ќе станат дел од мисијата на НАТО на Косово

Редакција