еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Бројот на невработени заклучно со март изнесува 145.327 лица

Агенцијата за вработување ги објави новите податоци за бројот на невработени лица според кои заклучно март, годинава во земјава без работа биле 145.327 граѓани.

Податоците на Агенцијата покажуваат благо намалување на бројот на невработени во однос на февруари годинава.

Забележливо е дека има и драстично намалување на бројот на други лица кои бараат работа и тоа од 90.700 во февруари на 58.334 лица во март, годинава.

Инаку, од Агенцијата нагласуваат дека со состојба на 31.03.2021 година евидентирани се 16.716 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од Ковид-19 вирусот.

Сепак, податоците на Агенцијата откриваат дека во март, годинава бројот на невработени е поголем за 40.918 во однос на јануари, 2020 година кога оваа бројка изнесувала 104.409 лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најниски нето-плати во јануари

Редакција

Пад на просечната плата во Македонија

Редакција

Државата ќе ги покрие долговите за струјa кај институциите кои имаат објективни причини за тоа, останатите ќе бидат повикани на одговорност

Редакција