еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку заработуваат менаџерите на „Сковин“?

Одборот на директори (ОД) на „Сковин“ АД Скопје е составен од три неизвршни и еден извршен член, соопшти компанијата во Годишниот извештај објавен преку Македонската берза.

„На извршниот директор во текот на 2018 година по основ на плати и надоместоци му е исплатено 904.333 денари во бруто износ, а по основ на осигурување и други права (регрес за годишен одмор) му е исплатено 10.739 денари во бруто износ.

По основ на членство на органите на управување во други друштва, на членовите на ОД на „Сковин“ лани им се исплатени 1,2 милиони денари“, информираат од компанијата.

Оттаму додаваат дека неизвршните членови на Одборот на директори немаат статус на вработени лица во „Сковин“ и друштвото затоа не им исплаќа надоместоци за нивната работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Сковин“ во загуба од 117 милиони денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нето надворешниот долг на Македонија 4.4 милијарди евра

Редакција

Личност на годината на еМагазин: Македон Димитровски

Редакција

Во тензична атмосфера и со прегласување донесен Законот за јавно обвинителство

Редакција