еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Запалено возило на дописничката на СДК.мк од Охрид, ЗНМ бара итна истрага

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува инцидентот во кој беше запалено возилото на новинарката на Сакамдакажам.мк, Сузана Вренцовска, од Охрид.

„Возилото било запалено на 5. јануари 2025 година, во дворот на семејната куќа, во гаражата каде што било паркирано. Според првичните информации, постои сомнеж дека станува збор за намерно предизвикан акт. Го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и темелна истрага за утврдување на сите детали и мотиви за овој тежок инцидент.

Овој случај укажува на загрижувачки тренд на зголемени ризици со кои се соочуваат новинарите во земјава. Дополнително, ова не е изолиран инцидент. Во октомври 2024 година беше запалено и возилото на колегата Благој Серсемов, уредник на локалната телевизија и онлајн медиум М-нет од Штип.

Иако мотивите за овие напади сè уште не се утврдени, важно е да се истакне дека ваквите инциденти, доколку немаат правна разрешница, може да создадат чувство на несигурност меѓу новинарите и да ја поткопаат нивната работа во служба на јавниот интерес,“ велат од ЗНМ и ги повикуваат надлежните институции да преземат итни и конкретни мерки за целосно расветлување на двата случаи, а сторителите мора да бидат идентификувани и соодветно санкционирани.

„Недозволиво е да постои неказнивост и да се создава простор за шпекулации во јавниот дискурс. Брзото дејствување е од клучно значење за зачувување на слободата на изразување и за спречување на самоцензура кај новинарите,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Милан Кораќ избран за претседател на Управниот одбор на М-НАВ

Редакција

Побарано укинување на притворот за професорот што нападна ученик во Струга

Редакција

Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар

Редакција