еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Зошто го нема македонското знаме на средбите на Сиљановска Давкова и Љутков во Бугарија?

Наместо пораките од средбите на македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова со нејзиниот колега Румен Радев и на министерот за култура и туризам, Зоран Љутков со неговиот колега Најден Тодоров, во Софија, Бугарија, во прв план изби фактот дека на истите го немаше македонското знаме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска Давкова ќе бара објаснување од Радев зошто го нема македонското знаме на фотографиите од нивната средба

Разбирливо и очекувано, ваквиот чин предизвика лавина од негативни реакции во јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И министерот Љутков во Софија фотографиран само со бугарското знаме

Кога е во прашање „добрососедска“ Бугарија тешко дека станува за некаков си протоколарен превид. Може да се „утне„ знаме, ама исто да го нема е сосема нешто друго.

Без разлика дали станува збор за официјални или неофицијални средби, познавачите на протоколарните процедури велат дека поставувањето на знамето на државникот кој дошол во посета на друга земја е задолжително.

Од Кабинетот на Радев, од кого Сиљановска Давкова ќе бара објаснување за овој потег кој како што велат од нејзиниот Кабинет, ниту бил дговорен, ниту предвиден, засега нема одговор, иако од Бугарија и за банални причини секогаш стигнува експресна реакција.

Секако вината за овој недобрососедски чин, со кој Бугарија можеби испраќа и порака дека не ги признава македонските државници и ги омаловажува истите, како што коментираат граѓаните на социјалните мрежи, имаат и Кабинетот на Сиљановска Давкова, кој дозволил тоа да се случи, како и Кабинетот на Љутков.

И двајцата и те како се должи детално да и објаснат на македонската јавност што всушност се случило.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Набуко“ на НОБ во Софија поздравена со овации, во Скопје ќе можете да ја погледнете на 21. септември

Има стан и во Бугарија: Каков имот пријавил Зоран Љутков, министерот за култура

Фото: Кабинет на претседателката/Министерство за култура и туризам

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цела листа: Утврдени нови имиња на државните, јавните и институциите финансирани од Буџетот

Редакција

Пожар избувна во блок 3 во РЕК Битола, нема повредени

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по скопските општини

Редакција