еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 барал прием кај Заев, тој му одговорил: „ги видов доказите, ова е чист рекет“

На денешното рочиште за „Рекет“ на кое беа презентирани материјални докази од страна на Обвинителството беше презентирана и комуникација помеѓу поранешниот премиер Зоран Заев и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.

Обвинетиот Јовановски го молел поранешниот премиер Заев, да го прими на состанок. Во комуникацијата остварена во февруари 2019 година, обвинетиот Јовановски му пишувал на тогашниот премиер Зоран Заев.

-Во име на нашето познавање и почитување Ве молам да ме примите на средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име, му пишал Јовановски на Заев.

На оваа барање Заев, му одговара дека се залагал за владење на правото и дека оваа е недозволиво.

– Ги видов доказите, оваа е чист рекет, му вели Заев на Боки 13.

Овие докази Обвинителството ги обезбедило од Ватсап комуницирал меѓу Боки 13 и неговата мајка Јасминка Јовановска, остварена во април 2019 година.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лекари утврдија дека Боки 13 може да го следи судењето за „Рекет“, боледува од гастритис, а не од канцер

Судење за „Рекет“: Боки 13 се пожали на болки, судијката повика Брза помош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договор вреден 28,9 милиони евра склучи Дирекцијата за ТИРЗ со “Стентон градба“

Редакција

„Писмото е од тој што е потпишан“, одговори Мијалков на прашањето кој го напишал писмото што му го прати на Мицкоски

Редакција

ЦГК: Во првото полугодие без оглас склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра

Редакција