еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЦГК: Во првото полугодие без оглас склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година, кој покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите.

Клучните наоди од мониторингот покажуваат дека иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91% од јавните набавки, што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција.

„Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите.

Постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата.

На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда. Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26%.

Во првото полугодие од 2021 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра.

Овие слабости се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво,“ покажува Извештајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арсовска: Приватниот сектор очекува тешка 2020 година

Редакција

Сите детали: Објавен Протоколот за запишување на првчињата

Редакција

(ГАЛЕРИЈА) Отворен уникатниот „Лимак Скопје Хотел“ со пет ѕвездички во центарот на Скопје

Редакција