еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Зошто се вапцуваат јајца за Велигден

Поради сознанието дека живите суштества настануваат од јајца, луѓето уште во минатото му придале магиска улога на јајцето. Се обидувале на свој начин да го оправдаат настанувањето и постоењето и на необјаснивото за нив.

Затоа и се вапцуваат јајца за големиот христијански празник, Велигден, Воскресение Христово.

На Велики четврток се вапцуваат првите три јајца. Првото јајце е посветено на Бога, второто на домаќинот на куќата и третото за бериќет и среќа. Тогаш не смее да се вапсуваат други јајца.

Порано се бојадисувале само црвени јајца, а се верува дека овој обичај потекнува од Марија Магдалена, која според Библијата, однела јајца обоени во црвена боја пред тогашниот римски цар Тибериј кога се дознало дека Исус Христос Воскреснал.

На Велика Сабота навечер се оди во црква, околу полноќ се кружи околу црквата, а потоа се кршат вапцаните јајца.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – Христови ученици и нивните наследници.

Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав: Христос воскресе!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Војна со ракети“ за Велигден на грчкиот остров Хиос

Македонија го празнува Велигден

(Фото) Уметнички јајца за Велигден поставени низ Штип

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Помалку заразени од Луксембург: Го стави ли Русија корона вирусот под контрола?

Редакција

Прв дуел на Заев и Мицкоски: „Попрво соработка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ отколку уцени од ДУИ“

Редакција

Столтенберг: Нападот на Русија на Украина е сериозно кршење на меѓународното право

Редакција