еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Извештајот на ЕК за Македонија е реална и објективна слика за состојбите, оцени Мицкоски

Со извештајот добиваме една реална, објективна слика за состојбите за целокупната подготвеност на земјата во достигнувањето на европските правила и стандарди, како и за тоа што било направено во текот на изминатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија.

„Мора човек реално да пристапи на работите и реално да разговара за заедничките предизвици кои ни престојат како држава. Нема да кажувам дека со само два месеци кои се опфатени во извештајот дека сме направиле чуда.

И без овој извештај како прв човек на Владата знам дека граѓаните живеат тешко и дека ни се потребни крупни чекори напред, клучни реформи и она што можеби за мене претставува клучен приоритет, а тоа е борбата против корупцијата.

Сепак е добро кога ќе се добие и квантификација и една реална слика за состојбите,“ изјави Мицкоски.

Како и претходните години, најголемите слабости повторно се однесуваат на кластерот 1- Темели, односно на деловите поврзани со правосудството и реформата на јавната администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештај на ЕК за Македонија: Да се донесат уставните измени и да се забрза со реформите

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Гардијан“: Резултатот од референдумот во Македонија уште една победа за Путин и Русија

Редакција

(Фото) Збунети лица и исчекување на седницата на Централниот одбор на СДСМ во Охрид

Редакција

Моторџија почина по удар во камион во тунелот кај Катланово, едно лице пренесено во болница

Редакција