Државниот завод за статистика соопшти дека трошоците на животот во септември, во однос на септември лани, бележат зголемување од 2.6%, а цените на мало од 3.3%.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во септември 2024 година, во однос на август 2024 година, изнесува 0.3%.
Зголемувањето на инфлацијата во септември е резултат на растот на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 1.7%, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1.1%, комуникации за 0.9%, разновидни стоки и услуги за 0.5%, образование за 0.3% и здравје за 0.1%.
Во септември годинава, во однос на август, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: транспорт за 5.3%, рекреација и култура за 1.8%, ресторани и хотели за 0.4%, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2%. Трошоците на животот во групата облека и обувки остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во септември 2024 година во однос на август 2024 година изнесува 99.3.
Фото: Унсплеш