Телевизијата Телма објави дека е иницирана постапка за утврдување на одговорност на судијата Пајазит Пајазити од Основниот кривичен суд Скопје.
Според телевизијата барање за поведување на постапката за нестручно и несовесно вршење на судиската функција на Пајазити поднел членот на Судскиот совет, Александар Камбовски.
Пајазити подолго време е во фокусот на јавноста. Пред извесно време тој го пушти во домашен притвор поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Блерим Рамадани по што тој избега.
Беше и во фокусот поради тоа што е еден од судиите кој ја прифати спогодбата за поранешниот народен правобранител Иџет Мемети, кој призна дека примил мито, но доби условна казна, а не затворска.
Истиот судија не одреди притвор ни за групата која упадна во Контролната кула на Скопскиот аеродром на почетокот на јануари годинава, предводена од високиот функционер на ДУИ, Беким Незири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој го пушти Рамадани во куќен притвор од каде избега