еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

И до 40 степени: Следната недела уште повисоки температури

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираа дека следните денови во Македонија ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од почетокот на следната работна недела дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа во југоисточните делови и околу 40 степени.

Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 степени, а дневната од 29 до 36. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 16 до 34 степени.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русите ги погодиле објектите на Украинската служба за безбедност и Центарот за информациско-психолошки операции во Киев

Редакција

(Галерија) Непроценливо наследство од 1872: Потребни се средства за реставрирање на црквата Пресвета Богородица во Јелошник

Силвана Жежова

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски освои злато на Балканско првенство во Турција

Редакција