еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И Мицкоски ќе употребува Македонија, ја повика и Силјановска да продолжи да го прави тоа

И идниот мандатар за состав на нова влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во изјави или обраќање нема да го користи уставното име, а ја повика и македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова да продолжи тоа да го прави.

За него, како што изјави денеска, тоа што Силјановска Давкова не го употребила уставното име на државата за време на заклетвата било достоинствено.

„И додека давам изјави и додека се обраќам пред вас новинарите, јас, а очекувам тоа да биде и начин на однесување на претседателката Силјановска, да се користат термините Македонија и придавката македонски, бидејќи на тој начин, според нашето толкување на Преспанскиот договор, немаме прекршување на истиот.

Ја користам оваа прилика да испратам порака до нашите пријатели во Грција, да престанеме со закани и со опструкции и со враќање назад во минатото, да гледаме напред во иднината. Ова се документи што се дел од правото.

Ако тие мислат дека ние сме го прекршиле Преспанскиот договор, тогаш постои меѓународен суд за правда, може да отпочнат процес, па таму ќе ги вкрстиме и едните и другите аргументи. Не би сакал да дојде до тоа“, рече тој.

За употребата на уставното име тој посочи дека комуникацијата во институциите и меѓу институциите останува согласно законот со употребата на уставното име, но како што подвлече негово основно човеково право е како ќе ја нарекува својата држава.

Тој рече и дека очекувал од Грција честитка, а наместо тоа „добивме, за жал, политички мускули“.

Напомена дека на заканите за вето на Грција, Македонија нема да одговори така што ќе ги повтори грешките од минатото, со менување имиња на автопати и градење споменици, туку ќе одговори со повици за меѓусебна соработка и добрососедски односи.

„Ако некој очекува од ВМРО-ДПМНЕ да ги повтори грешките од минататото, Ве уверам дека тоа нема да го направиме. Ние немаме намера на нивните политички мускули да реагираме на начин што ќе ги промениме имињата на автопатите, на аеродромите или да градиме споменици. Ние само би сакале да бидеме среќни, да биде ратификуван протоколот за економска соработка меѓу двете држави.

Ги канам грчките компании да инвестираат во Македонија и македонските компании да инвестираат во Грција. Така треба да соработуваат партнери, сакам да видам ваков вид на соработка.

За жал, нема втора можност за прв впечаток, а за жал, од првиот впечаток од нашиот сосед, наместо честитика за убедливиот триумф и на ВМРО-ДПМНЕ и на Силјановска, видовме на отворена сцена политички мускули, иако тоа се што е дел од Преспанскиот договор во целост, за жал и отповеќе е имплементирано тука во Македонија, а од тоа што можеме да видиме што се случува кај нашиот јужен сосед, основните три работи кои требале да ги завршат, за жал не ги завршиле“, рече тој.

Очекува во најското време да се видат со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и да разговараат за соработка во делот на економијата, туризмот, образованието…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција нема да ги ратификува меморандумите со Македонија од Договорот од Преспа

СИРИЗА ги поднесе меморандумите со Македонија, Грција ќе покаже на дело колку го почитува Преспанскиот договор

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе користат „Северна“ само кога тоа го налага законот

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И шоферот на „Дурмо турс“ пуштен од притвор

Редакција

Вчера дознав оти Македонија нема да има територијални претензии кон Бугарија, вели Борисов за посетата на Петков

Редакција

Во септември мало зголемување на просечната каматна стапка кај вкупните кредити

Редакција