Обвинителката Ирина Трајкоска-Стрезоски е нова директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев”.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На новата функција доаѓа од Вишото јавно обвинителство Битола, а за нејзе гласале шест, од вкупно девет членови од Управниот одбор на Академијата.
Обвинителка станала во 2009 година.
еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Антикорупциската комисија кога станала обвинителка во Вишото јавно обвинителство Битола.
Каков имот пријавила
На свое име има стан во скопска Кисела вода и градежно изградено земјиште во Прилеп.
Има и стан во Полихроно, Грција.
Вози Тојото и Рено.
Има и 35 акции во Комерцијална банка АД Скопје, кои важат за едни од најтргуваните на Македонската берза.
На име на децата има орочени депозити, има заем од 3,2 милиони денари, кој треба да го врати до 2031 година и неколку кредити.