еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алијанса за Албанците во петок ќе одлучува за влез во Владата

Лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари најавува дека во петок ќе биде донесена одлуката за евентуален влез во Владата.

На новинарско прашање и коментар околу давањето поддршка за обезбување на кворум за одржување на седница во Собранието дека тоа значи поддршка на мнозинството и влез во Владата, Таравари одоговори дека тоа што некоја партија ќе обезбеди кворум за работа на Парламентот не значи и влез во Владата.

„Не, нема врска. Не е прв пат некогаш ние, а друг пат ВМРО-ДПМНЕ да обезбеди мнозинство за да функционира Собранието. Сме правеле и мнозинство кога се носеше Буџетот. Така ќе продолжиме без разлика на се,“ рече Таравари на настан по повод одбележување на Денот на турскиот учител во Гостивар.

Тој дополни дека Алијанса за Албанците придонела и за кворум за гласање на францускиот предлог и договорот со Бугарија и напомена дека и покрај тоа што се во опозиција во одредени ситуации, кога како партија и пратеници ќе оценат дека на работата на Собранието му треба подршка, тоа ќе го прават.

Околу одлуката за формирање на преговарачки тим и дали официјално ќе започнат преговори за влез во Владата, лидерот на АА, рече дека за петок закажал состанок со централното претседателство на партијата.

„Таму ќе ги носиме финалните одлуки, бидејки знаете дека централното собрание му одреди на централното претседателство да ја донесе конечната одлука и евентуално ако има потреба да формира и преговарачки тим. За тоа ќе ве информираме навреме,“ подвлече Таравари.

МИА/Фото: Фејсбук/Таравари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Историско сослужение на Голгота во Ерусалим на епископ Антаниски, Партениј со дел од Бигорското братство

Редакција

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги вработува пет лица, плата до 49.146 денари

Редакција

Обвинителството ќе даде завршни зборови за „организатори на 27 април”

Редакција