еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил судијата Лазар Нанев, кој го разреши Судскиот совет

Поранешниот претседател на Основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев не е повеќе судија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судскиот совет го разреши судијата Лазар Нанев

Тој е разрешен од страна на Судскиот совет, бидејќи остварил 95 телефонски контакти со обвинет во предмет кој самиот го водел.

За него има уште две постапка пред Судскиот совет.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал судија, кој го имаме во нашата архива.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил стан во Скопје и два автомобили.

Тогаш пријавил и приходи од членување во управен одбор, заем кој го зел во 2014 година, за кој нема податок дали го вратил, два кредити, од кои едниот според податоците во анкетниот лист, треба да е вратен и вториот од 2,8 милиони денари, кој треба да го врати следната година.

На име на родителите пријавил деловен простор, земјоделско земјиште и куќа во Кавадарци, а на име на децата пријавил уште еден автомобил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поплави, оштетени покриви и возила, предизвика невреме во Скопскиот и Тетовскиот регион

Редакција

По три недели за прв пат за 24 часа нема починат од Ковид-19 во тетовската болница

Редакција

Бугарското Собрание го одобри “францускиот предлог“ за Македонија

Редакција