еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Како до подобар детски развој, преку примена на методите од НТЦ семинарот кој го организираше Бимилк

Претставниците од образованите институции во Битола, воспитувачи, педагози, психолози и дефектолози веќе имаа можност да започнат со примена на методите и техниките од НТЦ семинарот на д-р Ранко Рајовиќ, каде главен фокус е стимулацијата на детскиот развој преку различни активности и игри за деца, кои се засноваат на знаење за развојот и работата на мозокот и кои, како што покажуваат многу истражувања, позитивно влијаат на развојот на мозокот во периодот кога тој е најважно, во периодот на најинтензивен раст и развој.

Семинарот беше инициран и организиран од Битолска млекара и тоа беше начинот на кој компанијата го одбележа Меѓународниот ден на семејството и го посвети токму на едукација за семејството и за семејните вредности.

Воспитувачите, педагозите, психолозите и дефектолозите, заедно со родителите од компанијата, на семинарот од д-р Рајовиќ учеа за најсовремените методи за поттикнување на развојот и потенцијалите на децата. На семинарот беа презентирани иновативни техники и методи кои може да се применат не само дома, во рамките на семејството, туку и во образовниот процес.

„Ни беше дадена единствена можност да се запознаеме со напредни невролошки практики и техники од едукатор чија методологија и школа е веќе призната и глобално развиена од д-р Рајовиќ во неговото НТЦ учење (Никола Тесла центар).

Ние како тим од педагози, психолог, логопед односно институција која се залага за холистичкиот развој на децата, најдобро го знаеме значењето на ваквата едукација и го разбираме патот по кој децата ги стекнуваат, развиваат и прифаќаат оние вредности што понатаму ќе ги дефинираат во зрели и одговорни индивидуи.

Но, овој семинар нѐ поведе чекор понатаму во ефективна и креативна едукација, така што ни овозможи начин ние да создаваме, развиеме и адаптираме техники и вежби со кои ќе го поттикнеме развојот на децата. Исто така, фактот што на овој семинар беа присутни и родители, даде дополнителен ефект зацврстувајќи ја врската меѓу едукаторите и родителите, во поефективен пристап до децата.

На овој начин се иницираше обединување на практики и знаење за доброто на целата заедница. Иницијаторот и организатор на овој семинар, Битолска млекара ја даде најголемата вредност што како компанија се заложи за создавање баланс меѓу работата и семејството во зацврстувањето на семејните вредности и правилната едукација на децата“, истакна Оливера Пандаревиќ, клинички психолог, директор на приватната градинка „Мали чекори“.

Целта и резултатот од ова здружување Бимилк го гледа во поттикнување соработка, споделување знаење и создавање мрежа за поддршка посветена на целокупниот развој на децата, отворајќи го патот за просперитетна заедница.

„Среќата и задоволството започнуваат од семејството за потоа да се рефлектираат во секој дел од општественото живеење. Затоа одбележувајќи го Меѓународниот ден на семејството, сакавме кај нашите вработени и во пошироката заедница од образовните институции, да ја подигнеме свеста за образованието и воспитувањето на децата и на тој начин да придонесеме за нивната благосостојба.

Вложуваме во нашите вработени кои се родители, но и во воспитувачите од заедницата, за да создадеме средини кои го негуваат потенцијалот на новите генерации. Инвестирањето во образованието и во развојот на децата е клучно за градење посветла иднина, а тоа започнува во семејството и се развива во образовниот процес.

Со вклучување на стручните лица од заедницата, во оваа вредна едукација веруваме дека предизвикавме пошироко влијание со долгорочни ефекти“, вели Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

Со организирање на семинарот и со промовирање на семејството како суштинска вредност, Бимилк поставува нова практика и ново ниво на грижа за вработените, но исто така го проширува своето општествено одговорно однесување.

Во овој пристап, вработените се ценат како семејство и се работи и вложува во нивната среќа. А тоа ги надминува границите на добрите услови за работа и создавање позитивна работна атмосфера. Оваа грижа значи едукација, значи инвестирање во нивните семејства и вложување во развој за подобра иднина на сите.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Павле Богоевски ќе биде во самоизолација бидејќи се вратил од Германија, во моментов нема симптоми на корона вирусот

Редакција

Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, Тетово, Прилеп и Пожаране

Редакција

Паричката кај претседателот Стево Пендаровски: „Не беше наместено“

Редакција