еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како полесно до работа во Германија: Што е „карта за шанси“ и како се добива

Од 1. јуни работници и од Македонија можат полесно да дојдат до работа во Германија, која ги зголеми квотите за работници од Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1. јуни полесно до работна виза во Германија, што е сменето во постапката?

Секој заинтересиран може да аплицира за „карта за шанси„ со која ќе имате полесен пристап до германскиот пазар и да барате работа до една година.

Тамошниот пазар има посебно недостаток на кадри од областа на инженеринг, информатичка технологија и здравство.

Што е „карта за шанса„

Дојче веле пишува дека „картата за шанси“ обезбедува привремена виза или работна дозвола, што им овозможува на оние кои ќе ја добијат да работат до 20 часа неделно или да стекнат двенеделно пробно работно искуство.

Доколку работниците од земјите кои не се членки на ЕУ сакаат да работат со полно работно време, можат да аплицираат за продолжување на престојот доколку веќе имаат понуда за работа.

Како се добива

За да ја добијат картата, апликантите мора да зборуваат германски или англиски јазик и да имаат доказ за средства или плата доволни за покривање на трошоците за едногодишен престој во Германија.

За добивање на картата, кандидатите се бодуваат. Четири поени се доделуваат за признаена професионална квалификација или лиценца за работа во професии како наставници, медицински сестри или инженерство.

Три бода се добиваат за пет години работно искуство во последните седум години или за познавање на германски јазик на ниво Б2, пишува Дојче веле.

Два бода се доделуваат за двегодишно работно искуство во последните пет години и за кандидати помлади од 35 години или за познавање на јазикот на ниво Б1.

Еден поен добиваат кандидати помлади од 40 години, за престој во Германија во последните шест месеци (но не како турист), за познавање англиски на ниво Ц1 или германски на ниво А2, за обука за дефицитарни занимања или за аплицирање за работа заедно со брачниот другар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димитров: Моите позиции за спорот со Софија причина што нема да бидам дел владата, интересот да ме нема не е само домашен

Редакција

Прашањето со ФФМ ќе се реши врз основа на Договорот од Преспа и правилата на УЕФА, вели Заев

Редакција

(Фото) Во Крушево пристигнаа ултрамаратонците кои трчаа во чест на Тоше Проески

Редакција