еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои министри се со Мицкоски во Будимпешта за меѓувладината седница со Унгарија

Денеска во Будимпешта ќе се одржи втората меѓувладина седница помеѓу Македонија и Унгарија.

Македонската делегација ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, а во истата се и министертот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, министерот за култура Зоран Љутков, министерот за локална самоуправа Златко Перински, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трупуновски… како и вицепремиерот за политички систем Љупчо Димовски, шефот на Кабинетот на Мицкоски, Владимир Нелоски, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев

Преставници од ЗНАМ и коалицијата Вреди, кои се дел од Владата во делегацијата нема. Сите се од ВМРО-ДПМНЕ, освен Димовски, кој е од Социјалистичката партија, дел од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Првата меѓувладина седница помеѓу двете земји се одржа лани во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Каде вечераа Мицкоски и Орбан

(Видео) Во Будимпешта Мицкоски е со сопругата, еве како беше пречекана македонската делегација

Нема решение за војната во Украина без САД, кажа Муцунски од Будимпешта

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Се загрева атмосферата пред настапот: Тамара меѓу фаворитите за победа на Евровизија

Редакција

Романија ја стави Македонија на „црвената ковид листа“

Редакција

Разрешена директорката на ДИЖС, Ана Петровска, на нејзино место назначен Сретен Стојковски

Редакција