еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои пратеници ќе земаат апанажа

Од 57 поранешни пратеници, засега 29 добија право на апанажа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Засега 29 поранешни пратеници ќе добиваат апанажа

Месечната плата на пратеник во македонското Собрание изнесува 74 илјади денари, а толку на месечна основа ќе добиваат овие поранешни пратеници, а истата ќе им ја исплаќа државата, односно граѓаните, и покрај тоа што ништо нема да работат.

Кои поранешни пратеници добија право на апанажа

Дури 19 од овие пратеници се од СДСМ, од Алијанса за Албанците се четворица, од ВМРО-ДПМНЕ двајца, а по еден од ДОМ, ЛДП, БЕСА и ДУИ.

Од нив 26 ќе добиваат апанажа 12 месеци: Жаклина Лазаревска, Соња Михајловска, Ненад Коциќ, Марија Георгиевска, Санела Шкриељ, Дарко Каевски, Марија Костадинова, Марија Ангелова, Емилија Рамбабова, Љупчо Балковски, Белкиса Зеќири, Даниела Колева, Бајрам Кадрија, Атнан Незири, Лолита Ристова, Диме Велковски, Артина Ќазими, Марија Кочовска, Мухамед Кадриов, Игор Јанушев, Маја Морачанин, Боби Мојскоски, Кастриот Реџепи, Лазе Таневски, Мартин Костовски и Мирче Аџиовски.

Мирослав Јовановиќ од Српската странка во Македонија ќе зема апанажа само два месеца, до стекнување на правото на пензија.

До стекнување на правото на пензија во периодот од шест месеци апанажа ќе зема и Абдула Салиу од Алијанса за Албанците, а поранешниот пратеник Ремзи Мехмеди девет месеци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како марихуаната била украдена во Јосифово и како стигнала до Арачиново, детали од Обвинителството

Редакција

„ОКТА“ и „Супертрејд“ го добија тендерот на набавка на еуродизел за државните нафтени резерви вреден 13,3 милиони евра

Редакција

Член на општинскиот кризен штаб на Куманово негативен на повторените тестирања за корона вирусот

Редакција