еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се кандидатите: Почна изборот на нови членови на Антикорупциската комисија

Во февруари следната година истекува мандатот на претседателот и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Вчера во Собранието пред собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата почна процедурата за избор на нов претседател и членови со интервјуа на пријавените кандидати.

Пријавени се 42 кандидати: Кариман Авзији, Славица Андреевска, Зоран Богоевски, Оливер Вузај, Даут Даути, Сервет Демири, Берат Дехари, Татјана Димитровска, Дијана Димковска, Дона Димов-Марковска, Сирма Ѓорѓиева-Антонијевиќ, Рамадан Ибраими, Јован Јовчески, Сузана Јошевса-Анастасовска, Билјана Каракашова Шулев, Љубица Караманди Попчевски, Владимир Клековски, Благојче Крстаноски, Кирил Ковчегарски, Борис Кондарко, Киро Костов, Бодан Лазаревски, Оливер Лукароски, Стојна Мавревска, Маја Малахова, Насер Мемети, Татјана Митевска, Татјана Михајлова, Весна Младеновска, Мехди Мустафа, Маријан Поњавиќ, Цвета Ристовска, Енвер Саитоски, Сали Сали, Софија Спасова Медарска, Трајко Спасовски, Борче Стојановски, Накил Фетаи, Кимо Чавдар, Магдалена Чижбаноска Вангелов, Адем Чучуљ и Бесник Џемаиљи.

Членови на Комисијата за селекција се Јован Андоновски, заменик народен правобранител, номиниран од Народниот правобранител, Снежана Камилоска Трпкоска, претставник на Македонски центар за меѓународна соработка Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор од областа на демократијата и владеењето на правото, Никола Додов. претставник на Здружението за поттикнување и промоција на информатиката Асоцијација на студенти информатичари Скопје, член на Советот за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор за областа медиуми и информатичко општество, пратениците од власта, Фаница Николовска и Берат Ајдари и од опозицијата Ели Панова и Кастриот Реџепи.

За претседател на ДКСК може да се избере лице кое е државјанин на Македонија и кое живее во земјата, да е деловно способна личност, да има високо образование од областа на правните науки или од областа на политичките, комуниколошките или економските науки. Покрај високото образование, се бара и најмалку десетгодишно работно искуство по завршувањето на образованието. Притоа осум години од работното искуство да биде во областите на откривање или спречување на корупцијата, владеење на правото или доброто управување.

Кандидатите за членови треба да имаат шест години активност во областите поврзани со откривање корупција. И претседателот и членовите на ДКСК не треба да биле членови на Собрание, ниту во Влада, ниту пак донатори или функционери во политичка партија.

Актуелни членови на Комисијата се Билјана Ивановска, претседател, Владимир Георгиев, Софка Пејовска Дојчиновска, Катица Николовска, Нури Бајрами, Горан Трпеноски и Шемси Салаи.

Новата комисија треба да почне со работа на 8. февруари 2024 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

27-годишна жена од штипско починала откако ја каснал крлеж, неколку дена откако ѝ го извадиле дома

Редакција

Во блок-трансакции продадени акции од НЛБ Банка за 740.000 евра

Редакција

Детален преглед на состојбата со заразени од Ковид-19 по македонските болници

Редакција