Македонското Собрание доби осум нови пратеници, кои доаѓаат на местото на Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, кој стана премиер и на местото на седум пратеници кои станаа министри.
Станува збор за Драган Недељковиќ, Велика Стојкова Серафимовска, Сергеј Попов, Емилија Ангелова, Весна Ѓорѓиева и Дијана Илиевска од коалицијата “Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Фериде Хаџиу и Каљтрина Беќири од коалицијата „Вреди“, во која се Алтернатива, Беса, Демократско движење и крилото на Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.
Новите пратеници доаѓаат на местата на министрите Гордана Димитриеска Кочоска, која стана министер за финансии, Љупчо Димоски, кој стана вицепремиер за политички систем, Изет Меџити, кој стана вицепремиер и министер за екологија, Владо Мисајловски, кој стана министер за одбрана, Иван Стоиљковиќ, кој стана вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Александар Николоски, кој стана министер за транспорт и на Фатмир Лимани, кој стана министер за социјална политика, демографија и млади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии
Кој е Фатмир Лимани, кандидат за министер за социјална политика, демографија и млади
Кој е Александар Николоски, кандидат за министер за транспорт и вицепремиер