еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колкави биле примањата на менаџментот на Скопски пазар лани

Во 2024 година биле исплатени 12.469.163 денари по основ на бруто плати на членовите на Управниот одбор (УО) на Скопски пазар АД Скопје и 3.712.782 денари по други основи, стои во годишниот извештај за работењето на Друштвото, објавен преку Македонската берза.

Во 2024 година биле исплатени 2.934.896 денари по основ на бруто плати на членовите на Надзорниот одбор (НО) на Друштвото и 2.731.918 денари по други основи.

-Примањата кои членовите на Управниот и Надзорниот одбор ги оствариле по основ на членување во органи на управување на други друштва и по други основи се од доверлив карактер, велат од таму.

Членови на НО се Фатмир Етеми, кој е и претседател на НО, Димитар Џеков, независен член, Ацо Дудулоски, член.

Во УО се Младен Дамев, кој е и претседател на УО, Озџан Даут, член, Велимир Шиповиќ, член, Арменд Етеми, член и Бесар Етеми, член.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопски пазар лани со добивка и зголемени приходи

Зсф-ком и Современ дом купија нови акции на Скопски пазар, заедно поседуваат 77,64% од вкупниот број

И Скопски пазар, најголемиот акционер повторно купи акции на Македонијатурист

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораст на прометот на Македонската берза

Редакција

Тим од студенти на ФЕИТ победи на светското финале во развој на систем за диференцирање на шизофренијата и биполарната психоза

Редакција

Тупанчевски ќе предложи формирање ад-хок тело за историски личности до донесување на нов Закон за здруженија и фондации

Редакција