еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку пари потрошила лани Стопанска банка Битола за плати за менаџментот и вработените

Во Годишниот извештај за работењето минатата година, објавен преку Македонската берза, Стопанска банка АД Битола ја објави и структурата на вкупниот надоместок за менаџментот и вработените.

-Во вкупните надоместоци што им се исплаќаат на вработените и на членовите на органите на Банката влегуваат: фиксен дел од вкупниот надоместок, кој зависи од описот на работното место, односно од надлежностите на органот на Банката, а не зависи од успешноста во работењето (надоместок во форма на плата) и варијабилен дел од надоместокот, кој зависи од долгорочната успешност во извршувањето на работните задачи, имајќи го предвид преземеното ниво на ризик (бонуси и останати непарични примања).

Исплатата на варијабилниот дел не ја ограничува можноста на Банката за зајакнување на нејзината солвентна позиција.

Варијабилниот дел од надоместокот може да биде во форма на материјална награда (годишен бонус, еднократен месечен бонус или еднократна годишна награда) или нематеријална награда (учество на екстерна обука, конференција, семинар, или работилница организирана во земјата или во странство).

Фиксниот дел од вкупниот надоместок треба да е значително повисок, односно, варијабилниот дел не смее на годишно ниво да надмине 100% од фиксниот дел од вкупниот надоместок исплатен на секој вработен или член на орган на Банката.

Политиката за наградување не предвидува примање надоместок во форма на акции или други права коишто даваат можност за стекнување акции, а доколку произлезе потреба од ваков тип надоместок, за тоа ќе донесе одлука Собранието на Банката во согласност со прописите.

Членовите на Надзорниот одбор и Одборот за ревизија се наградуваат само преку наградување утврдено од Собранието на акционери, со цел да се избегне судир на интереси, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стопанска банка Битола лани со раст на добивката за 50,79%

Антони Пешев стана член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Владимир Ефтимоски поднесе оставка од функцијата претседател на УО на Стопанска банка Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР потврди: Македонска дипломатка во ОН пронајдена мртва во стан во Њујорк

Редакција

Австриска компанија го доби тендерот на Агенцијата за млади и спорт за монтажа на седум лизгалишта вреден 227.000 евра

Редакција

(Фото) Али Ахмети славел роденден со татко му на Дрин Ахмети

Редакција