еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е судијата Исамедин Лимани, кој е избран за член на Судскиот совет

Врховниот судија Исамедин Лимани е новиот член на Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исамедин Лимани и Александар Камбовски избрани за нови членови на Судскиот совет

За него гласаа седум судии.

Врховен судија станал во 2013 година.

Кој е Лимани

Како врховен судија работи во Одделот за граѓански дела.

Правен факултет завршил во 1990 година, а правосуден испит положил во 2001 година.

Работно искуство и политичка кариера

Во 1992 година бил волонтер во подрачното одделение на Министерство за правда во Тетово.

Во 1993 година бил самостоен референт во стручната служба на СО Тетово.

Во 1997 година бил секретар на Советот на Општина Желино.

Во 2002 година бил член на Државната изборна комисија.

Во 2004 година бил државен советник во Министерството за правда.

Од 2009 до 2011 година бил судија во Управен суд Скопје.

Во март 2011 година бил избран за судија на Вишиот управен суд, а во ноември 2011 година бил избран за претседател на Управен суд Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил судијата Исамедин Лимани, кој е избран за член на Судскиот совет

Каков имот пријавил судијата Александар Камбовски, кој е избран за член на Судскиот совет

Фото: Врховен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје оствари добивка од 8,7 милиони евра за три месеци

Редакција

Инцидент на „Гумење“: Се степале крушевчанец и коњаници од Лисиче, полицаец испукал предупредувачки куршум

Редакција

Хоџа не е повеќе министер за земјоделство, во Собранието констатирана неговата оставка и на замениците министри за образование и за култура

Редакција