еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лекарите се чувствуваат небезбедни, бараат поригорозни закони за заштита на здравствениот кадар

Матичните лекари денеска од 12 до 16 часот не работеа во знак на почит кон колегата кој на грозоморен начин беше убиен на 67. години.

Претседателката на Здружението на приватни матични лекари, Лидија Чолакова-Дервишова, изјави дека протестот е за да се подигне гласот, да се разговара за нови закони коишто би значеле посилна заштита на здравствениот кадар, со кои казните би биле поригорозни, со цел да се чувствува безбедно здравствениот персонал.

„Ние не знаеме која е причината, но докторот е убиен во кругот на здравствен дом, така што очекуваме органите на прогонот да ни кажат што се случува, инаку вака се чувствуваме небезбедни.

Сите имаме пациенти кои се психички нестабилни, пациенти кои се зависници, со анксиозно-депресивни состојби, биполарни растројства. Така што навистина сакаме да имаме безбеден регион и безбедна просторија и простор да можете да отидете до својот автомобил, да се вратите, да може безбедно да работите,“ додава Чолакова Дервишова.

Чолакова Дервишова од министерот за здравство Илир Демири, добила уверување дека ќе разговараат за сите теми кои го засегаат здравството и се во насока на подобра заштита на докторската фела и целокупниот здравствен персонал.

Таа додаде дека пациентите имале разбирање за денешниот протест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема нови информации за убиениот доктор, денеска матичните неколку часа нема да работат

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

11 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 159 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Убава вест: 1.152 оздравени од Ковид-19

Редакција

Лиле Стефанова од СЈО денеска судењето за „Титаник“

Редакција