еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бројот на починати од земјотресот во Турција се искачи на 42 лица

Бројот на загинатите од земјотресот во западна Турција се искачи на 42 лица, соопшти Републичката агенција за вонредни состојби и природни катастрофи, пренесува ТАСС.

Претходно без пријавени 39 мртви и 885 повредени.

„Спасувачките екипи во Измир работат на урнатини на девет уништени згради“, се додава во соопштението.

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала ја потресе во петокот западна Турција, со епицентар во Егејското Море, во близина на градот Сеферихисар во провинцијата Измир.

Земјотресот се почувствува и на блиските грчки острови. Грчките сеизмолози ја проценуваат неговата јачина на 6,9.

Најмалку 20 згради се урнаа во Измир. Земјотресот предизвика мало цунами што ги зафати крајбрежните улици на Сеферихисар.

Материјална штета има и на грчкиот остров Самос, каде две лица загинаа, а 20 се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Најмалку 26 лица: Расте бројот на починати во земјотресот во Турција и Грција

(ВИДЕО) Во земјотресот во Турција и Грција загинаа и две деца

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Измир: Најмалку 4 жртви, морето го поплави градот

МИА/Фото: Getty images-Getty

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

М-НАВ е станата семејна фирма, и затоа се случуваат конфликти како по дома, вели Ковачевски

Редакција

Двајца малолетници силувале друг малолетник, му се заканиле и го ограбиле

Редакција

„Политико“: Бугарскиот проблем со јазикот го блокира патот на Македонија кон ЕУ

Редакција