еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лога со писмо до Вашингтон, Брисел и амбасадите известил за планиран „упад“ во правосудниот систем

Министерот за правда Кренар Лога испратил писма до Делегацијата на Европската Унија во Македонија, до амбасадите на САД, Германија, Франција, Холандија и Белгија, до мисијата на ОБСЕ во Скопје, Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, до Стејт Департментот преку Амбасадата на САД во земјава и до Европската комисија во Брисел, во кое изразува загриженост за најавите на парламентарното мнозинство дека подготвуваат пакет закони со кои ќе се распуштат Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.

„Во оваа прилика би сакал да Ве информирам и да го насочам Вашето внимание кон најавите за „упад“, кој се подготвува од парламентарното мнозинство во правосудниот систем. Паралелно со најавите за реформа на органите на управата и реорганизација на министерствата, владеачкото мнозинство соопшти дека подготвува и пакет закони со кои ќе се распуштат двете уставни и независни категории – Судскиот совет и Советот на јавните обвинители.

Изјавите од партиски функционери за мене лично и за Министерството за правда се неприфатливи и недозволиви не заради одбрана на поединци во овие органи, туку за независноста и непристрасноста на овие институции за кои имаме добиено извештај од Оценската мисија каде точно е наведено што треба да се преземе од страна на органите на државата за подобрување на состојбите во судството,“ пишува Лога во писмото.

Тој изразува сериозна загриженост „што поставеноста на ваквата концентрација на моќ на трите власти кај една политичка партија ќе значи пресликување на состојбите и проблемите пред 2017 година, коишто неспорно создадоа заробена држава, констатирано во повеќебројни извештаи од меѓународните организации.“

„Ваквите најави се избрзани и опасни, и цениме дека од страна на владејачкото мнозинство треба да се почитува процесот на правилно креирање на политики кое вклучува оценка на состојбите и консултација за сите претстојни обврски и одговорности кои Македонија ги има во договор со Европската Унија и останатите меѓународни партнери“ се вели во писмото.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пристигнаа нови 10.530 дози од вакцината на „Фајзер”

Редакција

Владата ги поништи разрешувањата и именувањата на Мизрахи на в.д. директори во центри за социјална работа

Редакција

Македонија денеска прославува 32 години независност

Редакција