еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Македонец убиен во Србија од поранешниот сопруг на партнерката

Бобан П. (61), државјанин на Македонија е убиен во Врачево Гај кај Бела Црква, Србија, од страна на поранешен сопруг на неговата партнерка, пренесуваат српските медиуми.

Убиството се случило во четвртокот вечерта во близина на куќата на осомничениот за убиството Горан С. (61), кој е е приведен вчера.

До несреќата дошло откако Македонецот со неговата партнерка биле во посета на нејзина пријателка која живеела во соседството на поранешниот сопруг.

Горан С. во еден момент го удрил Бобан П., кој сакал да ја заштити партнерката, по што тој паднал со глава на земја и набргу потоа починал.

Горан С. бил рзведен повеќе од една година, а неговата поранешна сопруга се преселила во Македонија кај сега веќе убиениот Бобан П.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лице од обезбедувањето на Гаши предизвика инцидент на скопскиот аеродром

Редакција

(Галерија) Поради високите цени, млади „окупираа“ супермаркет во Солун

Редакција

Едно лице загина во сообраќајка на автопатот Куманово-Табановце

Редакција