еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Ако Русија употреби нуклеарно оружје ќе ја премине границата и природата на конфликтот ќе се промени, вели Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг предупреди дека употреба на било каков вид на нуклеарно оружје од страна на Русија ќе предизвика сериозни последици, но не можеше да даде детали, јави дописничката на МИА од Брисел.

Руските заплашувања со нуклеарно оружје ќе ја променат природата на војната во Украина, се согласија денеска сите земји членки на НАТО.

– Ако Русија употреби нуклеарно оружје против Украина тоа ќе има многу сериозни последици, и ова е нешто што Русија го знае, сојузниците ѝ го соопштија тоа на Русија на разни начини, и нема да навлегувам каков точно ќе биде нашиот одговор, но ќе ја промени природата на конфликтот, тоа ќе значи дека е премината многу важна граница, дури и ако е мало нуклеарно оружје, природата на конфликтот ќе биде изменет, Русија знае дека ќе има последици, изјави денеска на прес конференција во Брисел, Столтенберг.

Тој повеќе пати повтори дека Северноатлантската алијанса е само одбранбен сојуз и дека нејзината цел е да спречи употреба на нуклеарно оружје, и да ги заштити нејзините членови. Тоа значи дека и најмал напад на земја членка ќе го активира членот пет на НАТО за колективна одбрана.

– Еден за сите, сите за еден, рече Столтенберг.

Во случајот на Украина генералниот секретар меѓутоа остана јасен дека во оваа војна НАТО само пружа поддршка, но не е дел од конфликтот. Тоа нема да ги спречи земјите членки да продолжат да и помагаат на Украина економски, хуманитарно и со оружје.

Шпанија на министерскиот состанок за одбрана овие два дена најавила исто така дека ќе испраќа дополнителна вооружена помош за да се зајакне противвоздушната одбрана на Киев во момент кога Москва ги засилува нападите врз украинските градови и таргетира цивили и критична инфраструктура.

На прашање дали изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за потребата од евентуален дијалог со Русија, Столтенберг кусо одговори дека „темелната цел на НАТО е нуклеарно спречување и спречување на агресија“ и дека ризикот од напад е многу далечен.

На состанокот на министрите за одбрана се одржа дискусија за потребата да се наполнат залихите на оружје на земјите членки, кои полека се празнат поради војната во Украина, и донесена е заложба за соработка со воената индустрија за зголемување на производството на потребно оружје.

Министрите се осврнале и на ситуацијата на Западен Балкан, посебно во Босна и Херцеговина и Косово. Во однос на Босна и Херцеговина членките на НАТО изразиле надеж дека мисијата Алтеа во БиХ ќе добие продолжување на својот мандат од страна на Обединетите Нации.

Што се однесува до Косово, генералниот секретар укажал на заострувањето на реториката и од српска и од косовска страна и побарал од сите да се воздржат. За НАТО најдобро и единствено решение за Србија и Косово е дијалогот под водство на ЕУ.

МИА/Фото: Европска комисија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Водата во морето на првиот крак на Халкидики е чиста, незагадена и безбедна, велат локалните власти по укажувањето на туристи дека таа е заматена

Редакција

Починаа 10 пациенти од Ковид-19, кај 48-годишен вирусот утврден постмортем

Редакција

Убава вест: 217 оздравени од Ковид-19

Редакција