Македонија бележи пад од шест места на Индексот за слобода на медиумите за 2025 година на Репортери без граници (РБГ).
Лани бевме на 36 место, а оваа година сме на 42. позиција.
„Владините претставници имаат тенденција да имаат лош и понижувачки став кон новинарите.
Иако новинарите не работат во непријателска средина, широко распространетата дезинформација и недостатокот на професионализам придонесуваат за намалување на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади“, се вели меѓудругото во извештајот, во кој се посочува и дека „финансиската независност на медиумите е неопходен услов за обезбедување бесплатни, веродостојни информации кои му служат на јавниот интерес“.
Македонија е во групата држави каде ситуацијата е „задоволителна“, во која се и Словенија (33. место) и Црна Гора (37. место).
Од другите земји од регионот, Србија е на 98. место, Босна и Херцеговина е на 86. место, Косово на 99. место, Албанија на 80., Бугарија на 70. место, а Грција на 89. место.
Фото: Унсплеш