Како држава подготвени сме да го дадеме својот придонес на сето она кое што претставува вредност, тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност како до сега, така и во иднина дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право, изјави премиерот Христијан Мицкоски на прославата на 75-годишнината од НАТО Алијансата.
„За нас претставува посебна чест и задоволство да се биде во друштво на овие луѓе и заедно со нив да го одбележиме 75 години од постоењето на НАТО Алијансата, најголемата одбранбена Алијанса во светската историја.
Како држава подготвени сме да го дадеме својот придонес на сето она кое што претставува вредност, тука сме заедно со нашите сојузници да ја потврдиме нашата посветеност како до сега, така и во иднина дека ќе го промовираме мирот, стабилноста и владеењето на меѓународното право,“ изјави Мицкоски.
Тој потврди дека државата продолжи со исполнување на обврските кон НАТО, односно минимум два проценти од БДП да бидат инвестирани во модернизација на нашата Армија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Самит на НАТО: Бајден порача дека Русија нема да победи
(Фото) Мицкоски до Орбан на групната фотографија од Самитот на НАТО
Кој сѐ отиде со Мицкоски на Самитот на НАТО во Вашингтон
Фото: Влада