еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Зоран Димитриевски, еден од судиите кој одлучи Јанева да оди во куќен притвор

еМагазин во серијал ќе Ви престави тројцата судии од Апелационен суд, кои донесоа одлука поранешната специјална обвинителка Катица Јанева да излезе од затвор и да оди во домашен притвор, а за кои шефицата на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска најави финансиска истрага.

Кој е Зоран Димитриевски?

Дипломирал на Правниот  факултет при Универзитет Св.Кирил и Методиј во Скопје во 1995 година, стои во неговата официјална биографија.

Правосуден испит положил во Скопје во 1999 година.

Прв пат се вработил во Основен суд Скопје I Скопје во 1999 година како судски приправник, од 2000 до 2003 година работи како стручен соработник, а од 2003 до 2005 година како самостоен судски советник во судот.

За судија во Основен суд Скопје I Скопје е избран на 2005 година и до 2006 година работи како судија во Одделението за работни спорови.

Од 2006 до 2009 година работи како судија во кривичниот оддел за полнолетни лица, а од 2009 до 2012 година постапува како судија во Одделението за организиран криминал и корупција.

Со одлука на Судскиот Совет на Република Македонија во 2012 година е избран за судија на Апелационен суд Скопје, каде бил распореден во граѓанскиот оддел, а сега постапува по кривични предмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Сафет Кадрии, еден од судиите кој одлучи Јанева да оди во куќен притвор

Каков имот пријавил Сафет Кадрии, еден од судиите кој ја пушти Јанева во куќен притвор

Каков имот пријавил Јани Нича, еден од судиите кој ја пушти Јанева во домашен притвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Речиси 700 јавни објекти низ Македонија се греат на нафта и мазут и го загадуваат воздухот

Редакција

Минималната кошница за март 59.000 денари, за 1.600 повисока од февруари

Редакција

МВР: Лажна дојава за бомба во „Сити мол“, од истиот број испратени 40 покани до граѓани да се јават во полициска станица

Редакција