Премиерот Христијан Мицкоски од денеска е во работна посета на САД.
Премиерот коj е придружуван од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, во Вашингтон ќе присуствуваат на инагурациската церемонија на новиот американски претседател Доналд Трамп.
Меѓудругото делегацијата ќе присуствува и на свеченоста насловена како „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“.
„Очекувањата се дека за време на престојот премиерот Мицкоски ќе оддржи повеќе билатерални средби, контакти и средби со повеќе луѓе од новата администрација на американскиот претседател.
Исто така премиерот Мицкоски ќе има средба и со бизнисмени со македонско потекло каде ќе стане збор за економска соработка и можни домашни инвестиции,“ велат од Влада.
Фото: Влада