еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонците и Бугарите се две целосно различни нации, кажа папата Франциск по посетата на Македонија

Светот денеска се сеќава на добрите дела и позитивните промени кои ги внесе во Римокатоличката црква папата Франциск, кој почина вчера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На Велики Понеделник почина Папата Франциск

На 7. мај 2019 година папата Франциск ја посети и Македонија и стана првиот папа кој го направил тоа.

Пред да дојде во Македонија тој беше во посета на Бугарија.

По посетата на двете земји тој одговарајќи на новинарско прашање изјави дека Македонците и Бугарите се две целосно различни нации.

„Тие се две целосно различни нации. Бугарија е нација со вековна традиција. Македонија, од друга страна, има вековна традиција, но не како држава… Како народ, што на крајот израсна да формира нација. Тоа е убава борба“, рече тој.

Посочи и дека Македонија отсекогаш имала идентитет и сега тој е консолидиран како народ со мали и со големи проблеми, како нејзиното име и тоа сите го знаеме.

„И двете земји имаа христијански, православни, католички и муслимански заедници. Она што го видов е дека во двете земји има добри односи меѓу различните вери“, кажа папата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Папата Францис секој ден се јавувал во црква во Газа

Папата Франциск почина од мозочен удар и срцева слабост

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема нови препораки од Комисијата за заразни болести, граѓаните да избегнуваат посети во затворено

Редакција

(Видео) Започна со работа првата дестилара за македонска ракија во Северна Америка

Редакција

Народна банка подготви насоки за банките и брошура за лицата со оштетен вид

Редакција