еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за возачот кој го возел Палевски до Турција

И струмичанецот Стефан Димковски, кој го возеше осомничениот за убиствата и грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, од Србија до Турција, заработи кривична пријава од Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор и за лицето кое го возеше Палевски од Србија до Турција, адвокатот засега останува на слобода

-Вчера (07.12.2023) Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против С.Д., поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело помагање на сторител по извршено кривично дело, по чл.365 од Кривичниот законик.

Имено, С.Д. се сомничи дека во временскиот период од 01 до 03.12.2023 година му помогнал на Љ.П., кој е осомничен за сторени кривични дела „грабнување” по член 141 и „убиство” по член 123 од Кривичниот законик, дека со патничко возило „ленд ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице со седиште во Струмица, го земал Љ.П. од Белград, Р. Србија и го однел во Р. Турција, со цел да избега и да се сокрие од органите за прогон во Македонија,“ се вели во соопштението на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вања била врзана и изнесена од зградата преку подрумите во зградата каде живееше?

Кога Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија, за еден месец или за повеќе?

„Несфатливо ми е, како и зошто моето преубаво девојче сега е во гроб,“ вели мајката на Вања за српска „Република“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјава денеска во портокалова алертна фаза: Внимателно, температурите ќе достигнат 40 степени

Редакција

(ВИДЕО) На скопскиот аеродром запленета хемиска материја за производство на амфетамин вредна над 50 милиони евра

Редакција

(Вознемирувачко видео) Граната експлодира покрај луѓе кои чекаат ред во супермаркет во Карков

Редакција