еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мерко не се чуствува виновен за незаконското поставување на директори во училишта

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, кадар на ДУИ, денеска во Основниот суд во Струга рече дека не се чувствува виновен за кривичното дело „Несовесно работење во службата“ за кое го товари Јавното обвинителство.

Станува збор за случајот за незаконското поставување на директори во основни училишта во селата Подгорци, Лабуништа и Велешта и во „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Овие три предмети се споени, а за случајот со училиштето во Велешта се води и посебен предмет, бидејќи има повеќе обвинети, кои се товарат за исто дело како на Мерко, а дел од нив се обвинети и за кривичното дело „Фалсификување исправи“.

Судскиот процес за училиштето во Велешта се одложи за 5. јули.

Неодамна во истиот Суд за Мерко започна и судскиот процес за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“ вреден 67 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема да има Медицинскиот факултет на Универзитетот на Мерко

Ново обвинение за Мерко

За Рамиз Мерко има уште 14 активни предмети

Фото: Мерко/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За вицепремиерката Грковска обвинувањата за непостапување за Мерко од страна на Антикорупциска биле паушални и неосновани

Редакција

(Галерија) Комерцијална банка за прв пат отвори целосно дигитализирана експозитура

Редакција

Велешка питијада од 6 до 8. октомври, еве кој се ќе настапи

Редакција