еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерствата без напредок во активната транспарентност, општините со минимално подобрување

Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност 2024, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

„Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена за 4 процентни поени (од 76 % на 80 %).

Активната транспарентност на министерствата и Владата изнесува 86 %, а на општините 79 %. Во однос на лани, кај министерствата нема напредок, а општините се подобриле за 5 процентни поени,“ покажува Индексот.

Од владините институции, максималните 100 % активна транспарентност годинава ги задржа само Министерството за одбрана, кое четврта година по ред ги објавува сите предвидени информации од активната транспарентност. Владата падна од ланското прво место и 100 % на 40 место со 87 % активна транспарентност.

„За прв пат годинава, дури пет општини, Берово, Битола, Валандово, Кавадарци и Кичево остварија 100 % активна транспарентност. Својата активна транспарентност ја подобриле 71 % од вклучените институции.Меѓу регионите, Источниот Регион ја задржа и дури ја подобри лидерската позиција во однос на другите региони (со 88 % активна транспарентност), додека Скопскиот Регион за многу малку ја избегна последната позиција на којашто се наоѓаше со години. Сега, на последно место е Североисточниот Регион (со 72 % активна транспарентност),“ се додава во соопштението.

Најмалку информации министерствата објавуваат за своите надлежности (78% од можни 100%), а општините за финансиите (67% од можни 100%).

Активната транспарентност е претставена и на специјалната веб-страница: aktivnatransparentnost.mk со преглед на остварувањата на секоја институција од 2016 годинава наваму.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Пандемијата на коронавирусот се забрзува

Редакција

Штипскиот пожарникар извлечен од планината Серта, и е во добра здравствена состојба

Редакција

(Фото) Македонска убавина: На снежниот Пелистер „уловени“ рис, лисица, срна, дива свиња…

Редакција