еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски најави нови 600 вработувања во МВР

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави нови 600 вработувања во Министерството за внатрешни работи (МВР), а огласот ќе биде објавен следната недела.

Тој оцени дека многу малку се водело сметка за квалитетен кадровски потенцијал, а вработувањата се резултат на тоа што дел природно заминале во пензија, а дел поради потребите за да се зајакне Министерството кадровски.

„Откако изминавме период од речиси шест месеци, каде што анализиравме, истражувавме и дојдовме до заклучоци дека навистина изминатите години е правен, би рекол, епски криминал и за тоа практично да се санкционира, за да сето тоа излезе пред правдата, ова основано сомневање, потребен е човечки кадровски потенцијал,“ изјави Мицкоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 404 заболени од Ковид-19, во Скопје 204

Редакција

Поради контакт со заболени од бифе на МВР: Државен секретар и уште четири лица во самоизолација

Редакција

Илија Димовски: Нема договор помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ќе констатираме дека Уставот нема да се менува

Редакција