еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски предизвика бура во Грција

Најавата на идниот мандатор за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека и тој како и македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова во изјави и обраќања нема да го користи уставното име, предизвика бура во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Мицкоски ќе употребува Македонија, ја повика и Силјановска да продолжи да го прави тоа

Според него тоа не е прекршување на Договорот од Преспа, а освен што најави дека ќе користи Македонија и македонски, ја повика и Силјановска Давкова да продолжи да го прави тоа.

Мицкоски е топ тема во грчките медиуми, кои оваа најава генерално ја отценуваат како нова провокација, а го пренесуваат и делот во кој тој вели дека ако со тоа Грција смета дека Договорот е прекрешен, работите да се „расчистат“ со аргументи на Меѓународниот суд за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СИРИЗА ги поднесе меморандумите со Македонија, Грција ќе покаже на дело колку го почитува Преспанскиот договор

Од грчките власти, кои веќе најави дека чекаат да видат како Мицкоски ќе се однесува кога ќе стане премиер, засега нема реакција, а регираше опозициската СИРИЗА, која категорично го осуди „новото провокативно прекршување на Договорот од Преспа од претседателот на ВМРО, господинот Христијан Мицкоски“ и го повика конечно да се усогласи со меѓународното право.

Од таму го потсетуваат Мицкоски, „на принципот на меѓународното право „pacta sunt servanda“ (договорите се обврзувачки и треба да се почитуваат), како и на предвидените санкции што произлегуваат од меѓународното право при континуираното прекршување на Договорот од Преспа“ и дека Договорот е предуслов за членство на Македонија во Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција нема да ги ратификува меморандумите со Македонија од Договорот од Преспа

(Видео) Нема ни северна, ни јужна, Македонија е една и грчка: Претседател на грчка партија во Парламентот го искина Договорот од Преспа

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 7.500 изгубени работни места лани: Најранливите работници силно погодени од пандемијата

Редакција

Започнува судењето за Жан Митрев и неговата болница

Редакција

(Видео) Бугарскиот европратеник Ковачев се потсмева со резолуцијата на германскиот Бундестаг за македонскиот јазик и култура

Редакција