Васил Јованов (20) од Скопје кој пијан и без возачка дозвола ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино на црвено на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, доби 30-дневен притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка
Тој како што информираа од Основното јавно обвинителство (ОЈО) претходно бил осуден за поседување дрога и бил во притвор.
Кривичниот суд Скопје потоа пресудил дека Јованов треба да оди во воспитно-поправен дом во Тетово, третирајќи го како помлад полнолетник, а обвинител од ОЈО барал притвор.
Но, при изрекување на пресудата за Јованов, мерката притвор од страна на Судот била укината.
Обвинителот не се откажал од мерката и поднел жалба, за која до овој момент не е одлучено.
Додека трае процесот на жалбената постапка, Јованов ја прегази Кулакова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Свеќите на Партизанска немо сведочат за згаснатиот живот на Фросина Кулакова
Денеска протест поради несреќата во која загина 22-годишната Фросина Кулакова
Починатата Фросина Кулакова била дизајнерка од Неготино