еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Музички перформанс на Мијата на 15. мај

Во среда, на 15 мај, во малата сала на Филхармонија, ќе се случи несекојдневен музички перформанс на нашата кантавторка Наташа Мијат Крстевска – Miyatta.

Концертот е во рамки на петтото издание на Скопски Градски Фестивал, во организација на Баги Комуникации.

Мијата е уникатна појава на македонската музичка сцена, како со препознатливиот музички израз, така и со оригиналните, театрални сценски настапи. Мијата е кантавтор, создава ангажирани текстови и умешно интегрира различни форми во својата музика. Нејзините настапи се спој на музика и театар за целосно доживување на публиката.

Многумина ја споредуваат со Kate Bush, заради нејзините вокални и визуелни интерпретации. Мијата има издадено два албуми, „Небеска“ и „Вида“ кој се појави оваа година и наидува на одлични реакции кај балканската музичка критика.

„Возбудена сум за претстојниот концерт и повторна средба со публиката. Концертот ќе биде комбинација на песни од двата мои албума во една акустична и бохо-атмосфера, која ќе ѝ направи на публиката да се чувствува како дома.

Секогаш тргнувам од помислата што би сакала јас да видам, да чујам, да доживеам… Но, најважно од се ми е да ја задржам автентичноста,“ вели Мијата.

На концертот публиката ќе има можност да ги види и гостите Нина Јанева, Мухамед Ибрахими, Александар Пешевски, Теодора Гошева Капсарова, Никола Стојмановиќ, Гоце Вангеловски и уште неколку изненадувања кои организаторите не сакаат да ги откријат.

„Ова е мал но значаен јубилеј за нашиот фестивал. Исто како и претходните години и оваа фокусот го ставаме на домашните изведувачи. Сметаме дека негувањето и поддршката на домашната сцена е суштинска во овие времиња на голем наплив на музика со сомнителен квалитет.

Соработката со Miyatta е нешто на што работевме изминатата година, таа е исклучителен професионалец и голем креативец, велат организаторите Баги Комуникации.

Мијата деновиве е актуелна и со соработката со македонската музичка атракција „Брас брадрс“ (Brass Brothers) на нивната најнова песна „I Wanted More“ каде таа е текстописец и вокал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Брас Брадерс објавија песна со Мијата

Јубилејното петто издание на „Скопски градски фестивал“, понуди возбудлива и исклучително квалитетна програма во организација на „Баги Комуникации“, со три фестивалски вечери, на 7, 9 и 15. мај.

Фестивалот беше отворен на 7. мај во камерната сала на Филхармонија, каде настапија гитарското дуо „Роџерс и Харисон“ и битолската група „Код 369“.

Втората фестивалска вечер се одржа на 9. мај во Младинскиот културен центар во Скопје. На програмата беа три концерти, на групата „Бла-бла-бла“, Мухамед Ибрахими и средношколскиот бенд „3rd Brigade“, со ученици од „American High School“ – Скопје, како и изложба на авантгардни колажи од уметницата Марга Рита.

Со концертот на Miyatta на 15 мај ќе биде затворено ова издание на фестивалот.

Концертот ќе започне во 20 часот, а билетите по цена од 800 денари можат да се набават преку www.bileti.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

39-годишна пациентка од Тетово починала од Ковид-19, имала хронично заболување

Редакција

Хаосот со автобускиот превоз во Скопје продолжува: Приватните превозници нема да возат, додека не се реши проблемот

Редакција

Поевтинува мазутот, цените на бензините остануваат исти

Редакција