еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Апелација ја уважи жалбата: Мијалков излегува од притвор

Апелацискиот суд во Скопје ја уважил жалбата на одбраната за притвор на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, определен во случајот „Плацови на Водно“ и го преиначи првостепеното решение.

Како што потврди и појасни за МИА, портпаролот на Апелација, Татјана Дуковска, согласно закон, по ова решение без задршка веднаш треба да биде извршено пуштањето на слобода на Мијалков. Но, како што рече, не мора да биде веднаш реализирана ако има други постапки, за што, подвлече, нема информации.

Решението од второстепениот суд е испратено до Основниот кривичен суд од каде се очекува да биде доставено и до затворот „Скопје“ во Шуто Оризари каде Мијалков ја издржува мерката притвор.

Се уште нема информации дали вечерва Мијалков ќе замине дома.

Дуковска најави дека утре одлуката и целото образложение ќе биде објавено на веб страницата на Апелацискиот суд.

На прашањето дали одлучувал истиот состав на Кривичен совет, како и претходно, таа изјави дека Кривичниот совет во судот е еден совет, со тоа што редовните судии имаат и заменици судии кога се спречени да постапуваат.

Инаку, претходно адвокатите на Мијалков поднесоа гаранција во имот вреден 11.106.501 евра дека тој нема да избега, за притворот што претходно го имаше во случајот „Трезор“ и првостепено е осуден на осум години затвор.

Апелација ја прифати гаранцијата и го укина притворот минатата среда, но Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција истиот ден побара притвор за случајот „Плацови на Водно“, каде тој е еден од обвинетите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Не бегам, зошто да бегам“, рече Мијалков по излегување од затворот во Шуто Оризари

Се наложува Сашо Мијалков веднаш да биде пуштен и да се брани од слобода, велат од Основен кривичен суд Скопје

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се шетаат ли низ Македонија „лажно“ вакцинирани граѓани?

Редакција

Тимоние: Размислувајте за идните генерации, изборот е Северна Македонија или Северна Кореја

Редакција

Скопскиот аеродром пуштен за сообраќај откако авион пред полетување заглавил во нанос од снег

Редакција